Љупчо Николовски нема да користи апанажа
Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека со заминувањето од функцијата
министер за земјоделство, шумарство и вводостопанство, Љупчо Николовски, нема
да ја искористи законската можност за користење на апанажа откако си поднесе оставка во Владата по договор со партиското раководство на СДСМ.
Николовски ќе се посвети само на СДСМ, каде што ќе биде генерален секретар на местото на Александар Димковски. На негово место, ресортот ќе го води Трајан Димковски, кој влера беше назначен во Собранието.
„Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните. Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село“, се вели во соопштението на МЗШВ.
