Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Јаневски не го прифаќа повикот за оставка како директор на АППТ

Љупчо Јаневски не го прифаќа повикот за оставка како директор на АППТ

Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, не го прифаќа повикот за оставка од Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори и Националната асоцијација за дојдовен туризам, кои побараа тој да си замине поради некооперативност.

- Со здруженијата, асоцијациите и коморите работиме заеднички на донесување на сите можни мерки, предложени од нивна страна за ублажување на кризата. Сите четири сегменти и сетови мерки беа донесени по барање на коморите. Покрај соработката и отвореноста, АППТ секогаш работи со аргументи, статистики и постигнувања, изјави денеска директорот на АППТ.

Јаневски вели дека Агенцијата прва во регионот создаде Координативно тело, на нејзино барање, во кое учествуваат и членуваат сите засегнати страни од труизмот. и дека во најбрзо можно време од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство ќе побара да донесе посебни протоколи кои ќе овозможат отворање на домашните ски – центри.

Иако досега се искористени само 43.000 ваучери за домашен туризам, тој смета дека  ваквата поддршка дава резултати и треба да продолжи догодина, а треба и да продолжи и рокот за ваучерите кои не се искористија.

Кај бројот на домашните туристи поголемиот пад е регистриран од март до јуни во споредба со лани, додека во месеците Август и Септември има пораст од 8,9% и 33,9% споредбено со истиот период минатата 2019та година. Ноќевањата го следат истиот тренд, а порастот во Август и Септември се за 1,1% и 26% споредбено со лани истите месеци.

АППТ за 2020 имаше одобрен буџет од 153.514.000 денари, но по ребалансот за сите предвидени проекти и активности, сумата е сведена на 94.992.000 денари.

Слично

Поврзани вести