Љуљзим Баша ќе остане лидер на опозицијата со надеж дека еден ден ќе го порази Рама
Љуљзим Баша повторно ќе ја предводи Демократската партија на Албанија без оглед што на изборите во јуни изгуби од Еди Рама кој и натаму ќе биде премиер. Баша остави добар впечаток како опозициски лидер но, и покрај жестоката кампања која се закануваше да креира многу тешка политичка криза слична на таа во Македонија, сепак не успеа да го порази Рама па за него битката продолжува.
Во Демократската партија вкупниот број на членови со право на глас е 103.952 .Од нив гласале 59.834 при што 53.931 или 91,3 отсто дале поддршка за Љуљзим Баша, додека само 5.136 гласа или 8,7 отсто за Едуард Сељами.
- Комисјата за победник го прогласува Љуљзим Баша, изјави Јемин Ѓана, претседател на Централната изборна комисија на ДП, во утринските часови по пребројувањето на гласаките ливчња.
Според него Баша победил на сите партиски гласачки места, па дури и во изборното место два во Тирана, разгранокот на Сељами, каде Баша добил 551, а Сељам 44 гласови.
