Љубљанско „ДЕЛО“: Австриско-словенечка свадба во Македонија!
„Австриско-словенечка свадба во Македонија“ - вака словенечко Дело го опишува спојувањето на операторите ВИП и ОНЕ во Македонија. Во текстот се наведуваат деталите од зделката, но и идните планови на Телеком Словенија кои исто така можат да се одразат на пазарот во Македонија.
„Најголем оператор во Македонија е Македонски Телеком, кој преку унгарскиот Маѓар Телеком е во сопственост на Дојче Телеком. Од друга страна, Дојче телеком е најизгледниот иден сопственик на Телеком Словенија - или директно или индиректно преку Хрватскиот или Унгарскиот телеком“, пишува Дело.
За словенечкиот весник, спојувањето на ВИП и ОНЕ во Македонија, во светло на продажбата на Телеком Словенија, е сосема логично.
„Доколку Дојче телеком го купи Телеком Словенија, тој ќе мора да се откаже од ОНЕ заради концентрација на пазарот во Македонија“, наведува словенечко Дело.
Словенечката Влада се надева да добие околу 600 до 700 милиони евра за 62.54% од акциите кои ги поседува во Телеком Словенија.
Македонските власти во меѓувреме ќе треба да разгледаат дали спојувањето на ВИП и ОНЕ ќе создаде недозволена концентрација на пазарот. Од Агенцијата за електронски комуникации рекоа дека се уште не добиле официјален допис за спојувањето на двата оператори.
Слично
