Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉУБЉАНА СИМНАТА ОД ТРОНОТ: Другите словенечки градови имаат поскапи недвижности

ЉУБЉАНА СИМНАТА ОД ТРОНОТ: Другите словенечки градови имаат поскапи недвижности

Пресврт има на пазарот на недвижности во Словенија, а главниот град Љубљана повеќе не е најскап. 

Во последниот квартал лани Љубљана повеќе го немаше приматот на најскапата недвижност во земјава, објави Н1 Словенија.

„На годишно ниво цените на становите и понатаму беа највисоки во Љубљана, но во последниот квартал, за прв пат од 2017 година, беа надминати од цените на крајбрежјето“, известуваат од Геодетската управа.

Во однос на 2021 година, цените на становите номинално поскапеле за 19 отсто, на земјиштето за изградба на станбени згради за 17 отсто, а на куќите за 12 отсто.

Во втората половина од годината, цените на становите во најголемите градови практично стагнираа, објави денеска на Геодетската управа на Република Словенија.

Во Србија имаше екстремно поскапување на недвижностите, но сега се очекува корекција на цените. По почетокот на војната во Украина, цените скокнаа. 

foto freepik.com/travellaggio

Слично

Поврзани вести