Љубчо Георгиевски во 3-ката: ВМРО-НП ги објави носителите на листи
ВМРО - Народна партија ги објави носителите на листи за претстојните вонредни парламентарни избори во Македонија. Лидерот на партијата Љубчо Георгиевски за првпат ќе се кандидира за пратеник како носител во 3-тата изборна единица.
Носител во првата изборна едница ќе биде Слободан Близнаковски, поранешен градоначалник на општина Чаир и поранешен советник од ВМРО-НП во советот на град Скопје. За носител во втората изборна единица е Љупчо Балкоски, генерален секретар на партијата и поранешен министер за транспорт и врски.
Носител во изборната единица бр.4 ќе биде Ристо Пецев, правник од Струмица и член на ИК на партијата. Во изборната единица бр.5 носител ќе биде Ванчо Костоски, актуелен претседател на општинскиот комитет во Охрид. Носител во шестата изборна единица ќе биде Горан Лотески, актуелен претседател на општинскиот комитет во Гостивар.
Георгиевски објави дека очекува неговата партија, која немаше пратеници во досегашниот состав на Парламентот, сега да добие 10 пратенички места.
Слично
