Љубчо Георгиевски бара брзо решавање на спорот околу името
Формалниот почеток на преговори на Србија за членство во ЕУ треба да биде последен аларм за Македонија, која треба да постигне единство во државата и, конечно, да го реши проблемот со името за да го деблокира евроинтеграцискиот процес, смета поранешниот премиер и лидер на ВМРО НП Љубчо Георгиевски.
Тој побара од политичарите, особено од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да стават крај на, како што рече, „губитничката политика на наводна одбрана на името, која Македонија ја остави на опашката во регионот, кога е во прашање евроинтеграцискиот процес“.
„Нам ни треба единство за брз компромис и брзо зачленување во ЕУ и во НАТО. Спорот со Грција никој од нас не го измисли и не може никој сам да го реши. Ако заедно не го решиме, никој отстрана нема да дојде да го реши“, порача Георгиевски, според кого Србија донесе одлуки кои се многу потешки од одлуките што треба да ги донесе македонското државно раководство.
Слично
