Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИЗГАВИ ПАТИШТА: Две лица загинаа синоќа кај Штип

ЛИЗГАВИ ПАТИШТА: Две лица загинаа синоќа кај Штип

Снегот предизвика сообраќаен хаос во одделни места ширум земјава.

Лизгавите и замрзнати патишта, плус неприлагодена брзина земаа два животи вчера вечерта кај Штип.

Имено, двајца штипјани на возраст од 41 и 30 години загинаа во близина на месноста Четврти километар на патот Штип-Радовиш, враќајќи се од работа.

Несреќата според надлежните се случила после 19 часот, кога возилото се излизгало и излетало од патот паѓајки во реката Брегалница.

Зад нив се движело уште едно возило со вработени од штипскиот затвор, кои притрчале да им помогнат но веќе било доцна.

Двајцата загинати работеле во штипскиот затвор како чувари.

Во Штип денес е прогласен ден на жалост

Воедно ова не беше единствената сообраќајна незгода.

Кај Велес се случи вистински карамбол.

Потолно на автопатот Велес-Скопје кај Градско во верижен судир се судрија 14 возила.

Нема повредени , а причинета е само материјална штета.

Сообраќајката се случила така што возилата се излизгале и судириле поради лизавици на мостот на кој претходно екипи на Македонија пат имале фрлено песок.

Слично

Поврзани вести