Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски со својата понуда е вистинска зимска атракција на главниот град!

Лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски со својата понуда е вистинска зимска атракција на главниот  град!
Одличните услови кои лизгалиштето во состав на СЦ „Борис Трајковски” ги нуди, се доволна мотивација за повеќе од стотина деца и млади луѓе кои, неколкупати неделно, тренираат хокеј или уметничко лизгање. Со доаѓањето на зимата и ниските температури, лизгалиштето е отворено и за сите заинтересирани граѓани за рекреативно лизгање, што одличната подлога од мраз, го прави исклучително забавно искуство. Во текот на неделата, термините за рекреативно лизгање сè до 23:00 часот, а во викендите игралиштето е отворено до полноќ. IMG_3076 Како содржина која е дел од Спортскиот Центар „Борис Трајковски” лизгалиштето нуди одличните услови кои се доволна мотивација за повеќе од стотина деца и млади луѓе кои, неколкупати неделно, тренираат хокеј или уметничко лизгање. IMG_2974 Лизгалиштето во состав на СЦ „Борис Трајковски” започна со работа на 18-ти ноември, и ќе биде отворено сè до 15-ти април. Понудата, покрај часови наменети за рекреативно лизгање, вклучува и можност за упис на специјализираните часови по хокеј водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, како и изучување на тајните на уметничкото лизгање со Ксенија Јестшењски. IMG_2999 Голем број граѓани, во изминатиот месец ја посетија зимската гордост на СЦ Борис Трајковски, притоа нагласувајќи ги одличните услови кои оваа содржина ги нуди за лизгање, и пред сè, забава. IMG_3064 Термините за специјализираните часови по хокеј и уметничко лизгање, можете да ги пронајдете на www.salaboristrajkovski.gov.mk  
Слично

Поврзани вести