Литванија ќе увезува течен гас од САД
Со цел да се намали големата зависност од руските испораки на гас, Литванија потпиша трговски договор за купување течен природен гас (ЛНГ) од САД, соопшти литванската државна компанија ,,Литгас”.
Првите испораки на американскиот ЛНГ се очекуваат да пристигнат наредната година, според договорот со хјустонската компанија ,,Чениер енерџи”.
Инаку, оваа година Литванија за почеток ќе увезе над половина милијарди кубни метри гас од мултинационалната компанија ,,Статоил”, со што би ги покрила петтина од потребите.
Слично
