Економија, финансии, бизнис

Контакт

Литванија ги исполнува сите услови за влез во евро зоната

Литванија ги исполнува сите услови за влез во евро зоната

Еврогрупата смета дека Литванија ќе исполнува сите потребни услови за прием во евро зоната од 1 јануари 2015 година, изјави претседателот на Советот на министрите за финансии на 18 земји со заедничка европска валута, Јерун Дајселблум.

„Литванија ги задоволува сите неопходни критериуми за воведување на еврото“, изјави тој на конференцијата за новинари, после засдавањето на Еврогрупата, пренесува сајтот Finmarket.ru.

Врз основа на извештајот на Европската комисија и Европската централна банка за исполнување на неопходните услови за приклучување на Литванија на еврозоната, Еврогрупата подготвила предлог за воведување на еврото во таа земја од 1 јануари 2015 година.

Шефот на Европскиот механизам за стабилност  (ESM), Клаус Редлинг, укажа дека влезот на земјата во зоната на еврото со себе повлекува почеток на соработка на ESM со властите на Литванија со цел обезбедување на премин кон еврото без проблем.

Слично

Поврзани вести