Економија, финансии, бизнис

Контакт

Литванците укажуваат дека земјата назадува, Македонија – надвор од европската агенда?

Литванците укажуваат дека земјата назадува, Македонија – надвор од европската агенда?
Eвропската унија е загрижена за евроинтегративните процеси во земјава, а прекусегашниот претседавач Литванија прати порака за сериозноста на состојбата. Според амбасадорот на Литванија задолжен за Македонија, тоа што земјава не е спомената во заклучоците на Европскиот совет не е грешка, туку силен сигнал дека Македонија назадува. „Кога станува збор за приоритетите околу проширувањето, оваа земја не е таму. И сметам, иако ќе звучи недипломатски и можеби грубо, ова е сигнал кој ние се обидуваме да ви го испратиме вам, оти сме загрижени. Не гледаме напредок во многу области, можеби и во повеќето. Списокот на нашите грижи е голем и долг“, истакна Јушка пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања. Во изјава за МИА пак од Брисел, министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи на Европската унија, Линас Линкевичиус го демантирал амбасадорот Јушка. „Само што имавме состанок на Советот за стабилизација и асоцијација и можам да кажам дека имавме многу добар и важен состанок и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Имав можност претходно да разговарам и со премиерот Груевски, со кого имав многу плодотворна и отворена дискусија. Ќе повторам дека ние размислуваме на процесот на проширување како дел од приоритетите на Литванското претседателство со Европската унија“, истакнал Линкевичиус. Од СДСМ говорот на амбасадорот Јушка го оценија како реален и вината ја лоцираа кај власта. Од ВМРО ДПМНЕ пак причината за одолговлекувањето застојот ја гледаат во Грција.
Слично

Поврзани вести