Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИТИУМОТ СТАНУВА ПОВАЖЕН ОД НАФТАТА! Нова „златна треска“ ја тресе Европа!

ЛИТИУМОТ СТАНУВА ПОВАЖЕН ОД НАФТАТА! Нова „златна треска“ ја тресе Европа!

Нова „златна треска“ ја тресе Европа. Како што покажуваат податоците, литиумот станува поважен ресурс дури и од нафтата!

Бидејќи ЕУ се обврза да направи електрични возила широко достапни до 2035 година, побарувачката за метали потребни за производство на батерии, особено литиум, се очекува да експлодира. На пазарот моментално доминираат неколку земји, но Европа сака да се приклучи на клубот со искористување на сопствените рудници.

Бројките зборуваат сами за себе. Од 2015 година, обемот на производство на литиум, познат и како „бело злато“, се зголеми за три пати во светот, достигнувајќи 100.000 тони годишно до 2021 година, според Меѓународната агенција за енергетика. Износот може да се зголеми седум пати до 2030 година. На европско ниво, во 2050 година ќе биде потребен околу 35 пати повеќе литиум отколку денес.

Европа се надева дека ќе го искористи максимумот од новата треска на „белото злато“ со искористување на сопствените рудници. Главните резерви на континентот се наоѓаат во Португалија, Германија, Австрија и Финска. Во Франција, француското биро за геолошки и рударски истражувања (BRGM) направи попис во 2018 година, истакнувајќи ги резервите во Алзас, централниот регион на масивот, како и во областа Арморикански масив во Бретања.

И соседна Србија важи за земја која има свои резерви на литиум, но поради опструкциите од екологистите нема ископување на овој метал засега нема. Српските медиуми прашуваат зошто некому му пречи развојот, отворањето на нови работни места... 

Слично

Поврзани вести