Економија, финансии, бизнис

Контакт

Листеријата однесе уште еден живот – почина пациентот од Неготино

Листеријата однесе уште еден живот – почина пациентот од Неготино
Пациентот од Неготино кој две недели беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со компликации од листериоза, претпладнево починал. Според здравствените власти, 46-годишниот пациент е петтата жртва на опасната бактерија листерија во Македонија, по чиј извор уште се трага. На 3 август пациентот бил примен на Инфективната клиника во Скопје со акутен гастроентероколит, а при деталниу проверки била откриена и инфекција и на централниот нервен систем. Тој бил ставен на апарати за дишење, но утрово неговата состојба уште повеќе се влошила и тој починал. Од вчера на Клиниката во Скопје се наоѓа и 16-годишна пациентка исто ткаа од Неготино, кај која листеријата предизвикала воспаление на мозочната обвивка. Нејзината состојба е стабилна. Здравствените власти испитуваат дали двата случаи од Неготино се поврзани, иако пациентите не биле во роднинска врска. Десет лица заболеа од листерија во Македонија од јуни, од кои половината завршија со смртен исход. Надлежните уште трагаат по изворот на опасната бактерија.
Слично

Поврзани вести