Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИРАТА ВО ПАД, ЕРДОГАН НЕ СЕ ПРЕДАВА: Турција ќе го оствари тоа што го зацртала

ЛИРАТА ВО ПАД, ЕРДОГАН НЕ СЕ ПРЕДАВА: Турција ќе го оствари тоа што го зацртала

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека Турција ќе остане силна и покрај „обидот за економски удар“ во ек на тензии меѓу Анкара и Вашингтон.

Обраќајки им се на следбениците во Анкара, Ердоган рекол дека Турција се соочува со „економски закани, санкции, девизни средства, каматни стапки и инфлација“, пренесе агенцијата АП.

„Ќе им кажеме дека ја пробивме нивната игра и дека ќе се спротивставиме“, кажал лидерот на Турција.

Ердоган посочил и дека никој нема да успее да спречи јакнење и развој на Турција, ниту остварување на сите цели кои Турција ги зацртала, јави Анадолија.

Турската лира е во пад бидејќи САД се заканија со нови санкции. САД веќе воведоа санкции за двајца турски министри и ги зголемија двојно царинските наметнувања на турскиот челик и алуминиум. Турција возврати на царините на увозна стока од САД во вредност од 533 милиони долари и најави бојкот на американските уреди.

Дипломатскиот спор ја зголеми загриженоста на инвеститорите за турските економски проблеми а економистите стравуваат дека Турција би можела да влезе во рецесија.



Foto: Getty images


Слично

Поврзани вести