Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економски егзодус на Турците од Балканот?

Економски егзодус на Турците од Балканот?

Toнењето на турската валута создаде загриженост во земјите на Западен Балкан за турските инвестиции во регионот. 

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) пишува за турските инвестиции во Западен Балкан.

Агенцијата шпекулира за евентуално намалување на инвестициите од таа земја во Балканскиот регион поради тековните економски и финансиски тешкотии во Турција. 

Има аналитичари кои велат дека финансиските превирања во Турција би можеле да ги забават идните инвестиции на Турција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Но, има и такви кои сметаат дека официјална Анкара ќе се обиде да ги задржи постојните инвестиции и трговска размена затоа што Западен Балкан, е геополитички значаен за турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Трговијата меѓу Западен Балкан и Турција се зголеми од 430 милиони долари во 2002 година на 3 милијарди долари во 2016 година, при што речиси една третина само во Србија.

Турција е меѓу првите 10 трговски партнери на Србија, а меѓу првите три на Косово.

Слично

Поврзани вести