Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИРАТА СЕ ПОСЛАБА, ЕРДОГАН НЕ Е ЗАГРИЖЕН - и порано успеав да ја намалам инфлацијта на 4 отсто, можам тоа повторно да го направам

ЛИРАТА СЕ ПОСЛАБА, ЕРДОГАН НЕ Е ЗАГРИЖЕН - и порано успеав да ја намалам инфлацијта на 4 отсто, можам тоа повторно да го направам

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека веќе и претходно ја намалил инфлацијата во Турција на околу четири отсто и вели дека ќе го стори тоа повторно наскоро, додека годишниот раст на цените е повеќе од 21 отсто благодарение на неговиот притисок да ги намали каматните стапки, што ја предизвика лирата да падне..

Ердоган тврди дека новата политика заснована на ниски каматни стапки е дел од успешната „војна за економска независност“, но повеќето економски експерти овој потег го нарекуваат луд, па предвидуваат инфлација од над 30 проценти следната година.

Лирата достигна рекордно ниско ниво од речиси 17 лири за еден американски долар во петокот, откако беа изразени стравувањата од инфлациска спирала. Како што стојат работите во моментов, лирата годинава изгуби 55 отсто од вредноста, а 37 отсто од таа вредност се загуби во последните 30 дена.

На состанокот со младите од Африка емитуван во неделата, Ердоган го повтори својот став дека каматните стапки предизвикуваат раст на цените, додавајќи дека се надева оти инфлацијата наскоро ќе падне.

„Порано или подоцна ќе ја намалиме инфлацијата како што направив кога дојдов на власт. Нема да дозволам моите граѓани, мојот народ да бидат скршени под каматните стапки“, рече Ердоган.

Инфлацијата во Турција падна на четири отсто во 2011 година, пред постепено да расте од 2017 година. Во ноември таа се зголеми за 3,5 отсто, на 21,3 отсто годишно.

Многу Турци сметаат дека зголемувањето на минималната плата за 50 отсто нема да биде доволно. Исто така, се очекува дека зголемувањето може да доведе до инфлација на потрошувачките цени од 3,5 до 10 проценти.

Курир.рс/Јутарњи лист

Слично

Поврзани вести