Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИНК ВО ЖИВО: Киднапиран обвинител, Заложничка драма во Турција!

ЛИНК ВО ЖИВО: Киднапиран обвинител, Заложничка драма во Турција!

Вооружени напаѓачи го киднапирале обвинителот во неговата канцеларија во Истанбул, во тек е операција на ослободување на заложникот.

Припадниците на забранетата радикална левичарска група го киднапирале јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз во неговата канцеларија во Истанбул и се заканиле дека ќе го убијат доколку не бидат исполнети нивните барања поврзани со случајот на тинејџерот Беркин Елван кој настрада во текот на протестите во Гези паркот.

Ројтерс пренесе дека марксистичката револуционерна народносолободителна партија -Фронт објавила фотографија од заложникот со ставен пиштол на чело.

606x340_303189

Групата на овој обвинител, кој ја водел истрагата за случајот на Елван му дала рок од 15 часа и 36 минути по локално време да го соопшти идентитетот на полицаецот за кој тврди дека стои зад убиството на момчето, или ќе биде убиен.

„Елван е повреден на протестите во 2013 година откако паднал во кома. Починал минатата година во март, а обвинителот работел на случајот неколку месеци“, соопштува Ројтерс.

Повикувајќи се на турската агенција Доган, Франс прес известува дека од судот се слушнале пукања. Напаѓачите од Канцеларијата на шестиот кат од зградата на Судот во Истанбул со закана на оружје од канцеларијата го оддалечиле соработникот на Кираз. На местото на инцидентот стигнала и полицијата, која се обидела да ја отвори вратата на канцеларијата, но во тие моменти се слушнале пукања во канцеларијата.  
Слично

Поврзани вести