ЛИНК ВО ЖИВО – „Бомба“ пред Влада
Опозициската СДСМ ја продолжува сезоната на пласирање прислушувани аудио разговори после неколкунеделната пауза.
Денес ќе се објавува 34 „бомба“.
Бомбите За А1 телевизија и Смиљковско пред митингот на опозицијата не беа обелодените поради кумановските настани, со оглед на нивната сензитивност.
Ветивме дека ќе ја соопштиме целата вистина и не бегаме од тоа, изјави Заев пред некој ден за Дојче Веле.
„Не е во прашање само ‘Смилковско езеро’. Има и други содржини што и ги ветивме на јавноста, а до денес не се објавени, како што е и случајот ‘А1 телевизија’, ‘Скопје 2014′ и многу други. Изминативе денови имаме многу активности – протест, лидерска средба во Скопје, средба во Стразбур… Објавувањето на ‘бомбите’ привремено беше запрено затоа што сакавме да му дадеме примат на протестот. Но, ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од ‘Вистината за Македонија’. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави неодамна Заев.
За денес е најавен и протестен марш кој го носи мотото: „Стоп за народниот грабеж, бараме оставка! “ и истиот ќе започне во 18 часот од Кампот на слободата до министерството за финансии.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/NHX9UxP-N28[/embed]