Економија, финансии, бизнис

Контакт

Линк: Сите планови за заедничко задолжување се неприфатливи

Линк: Сите планови за заедничко задолжување се неприфатливи
Берлин и понатаму се противи на обединување на ризикот во еврозоната по пат на емитување на заеднички обврзници изјави германскиот министер за европски прашања Михаел Линк кој потенцираше дека Германија нема да се откаже од таквиот став. Два дена пред самитот на лидерите на ЕУ, на кој ќе се разгледаат предлози на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, за јакнење на економската и монетарната унија внатре во ЕУ, Линк рече дека било какви планови за заедничко задолжување се неприфатливи. Во моментов еврозоната се  соочува со раст на инфлацијата, која за септември изнесуваше 2,6%, што е подобро од предвидените 2,7 %, но се уште далеку над барањата на Европската централна банка, покажуваат податоците.  
Слично

Поврзани вести