Економија, финансии, бизнис

Контакт

Линијата Истанбул-Гостивар „рај“ за шверцерите?

Линијата Истанбул-Гостивар „рај“ за шверцерите?
Злато, накит, автоделови, стоматолошки материјали само во изминатата недела Царинската управа запленила во автобуси кои сообраќале на релација Истанбул-Гостивар. Вкупно 1.450 грама легура за изработка на сребро, 7 сребрени прстени и 6 златни недоработени прстени и обетки се откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата. Накитот и легурата се пронајдени во џеб од јакната и во торбичка околу вратот на албански државјанин, патник во автобусот. Освен ова, 1170 парчиња и 650 сета разни автоделови откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од турски државјанин, кој сообраќал на истата релација. Непријавената стока е пронајдена во просторот над задната лева гума во автобусот, а сопственик на стоката бил сопственикот на автобусот, турски државјанин. Шофер на автобус кој исто така возел од Истанбул за Гостивар се обидел да прошверцува 5.000 грама стоматолошки материјали - метални елементи NICKEL-CHROM REALOY-N+. Стоматолошките материјали биле откриени при контрола на автобусот со турски регистарски таблички, во фиока над возачкото седиште во автобусот. Покрај ова, во изминатата недела, цариниците на граница заплениле околу еден килограм амфетамин, непријавени амортизери за велосипеди, часовници, паричници, текстил и перници. Откриени биле и 240 чанти од Турција, како и 4 мобилни телефони од Сингапур и Кина, за кои постои сомневање дека претставуваат повреда на правото на интелектуална сопственост на заштитени трговски марки.  
Слично

Поврзани вести