Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лимити на трошењата на институциите: За сите помалку, за Владата и за одбрана повеќе пари

Лимити на трошењата на институциите: За сите помалку, за Владата и за одбрана повеќе пари

Сите државни институции меѓу кои и самата Влада, министерствата, комисиите, фондовите од следната година имаат лимити на сумите кои можат да ги трошат. Вкупните расходи на секоја инстутуција поединечно над кои самата не може да оди, се дел од Фискалната стратегија која се однесува на годините од 2020 до 2022 година. 

Анализа на бројките за максималните расходи на основен буџет кај буџетските корисници, покажува дека во следните три години малку од нив ќе имаат зголемување на расходите. Кај повеќето расходната страна е во надолен тренд. Сепак, Министерството за одбрана ќе ги зголеми трошењата до 2022 година драстично над сумата за годинава и за следната година. Така ако за 2020 година вкупните трошоци на ова Министерство се позиционирани на 9,7 милијарди денари, во 2021 година изнесуват 12,1 милијарди денари, а до 2022 се искачуваат на 14,9 милијарди денари. Расходната страна на ова Министерство се зголемува поради потребата за трошења кои произлегуваат од членството во НАТО.

Но раст на максималните лимити за трошења има и кај Владата, иако Службата за општи и заеднички работи по години ќе има надолен тренд на максимални расходи. Ако во 2020 година, Владата треба максимално да потроши 2,95 милијарди денари, сумата во 2021 година е 2,96 милијарди денари, а следната се искачува на 3,15 милијарди денари.

Сумите кај останатите институции во следните три години кај повеќето имаат надолен тренд. Државниот завод за статистика догодина ќе потроши многу повеќе пари од предвидените за 2021 и за 2022 година, се разбира поради предвиедниот попис на населението. Така за следнта година максимално му се одредени 511 милиони денари, а во 2012 година на пример сумата се спушта на 183 милиони денари. 

Со помалку пари низ годините ќе располагаат Државниот завод за ревизија, Агенцијата за странски инвестиции, сите инспекторати, но и претседателот на државата и Агенцијата за разузнавање.

А.Т.

Слично

Поврзани вести