Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лимак Холдинг: „Diamond Skopje“ ќе биде изграден во 2021

Лимак Холдинг: „Diamond Skopje“ ќе биде изграден во 2021

Лимак Холдинг, турскиот инвеститор кој го гради мултифункционалниот „Diamond Skopje“ во својот објавен извештај за сработеното лани вели дека комплексот ќе биде завршен во 2021.

„Започна изградба на ломплексот кој ќе се простира на 323 илјади квадратни метри  Се наоѓа помеѓу улиците Св.Кирил и Методи и улицата Јордан Мијалков. Според проектот, булевар ќе поминува низ подземен тунел. Ќе опфаќатрговски центар, неколку катови со паркиралишта, хотел, канцеларии и места за престој. Проектот се простира на подрачје каде што бил стариот строг центар на градот. Планирано е да се заврши во 2021 година. Се работи за комплекс кој се состои од трговски центар, хотел и резиденции.“, се вели во извештајот на Лимак.

„Diamond Skopje“ започна да се гради минатата година во септември зад молот на „Рамстор“. Во 2012 година беше продадено државното земјиште, а лани беа наплатени комуналиите за сите предвидени објекти и беа издадени сите одобренија за градба.

Слично

Поврзани вести