Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ликот на папата Франциск ќе биде избришан од еврото

Ликот на папата Франциск ќе биде избришан од еврото

Ликот на папата Франциск од март повеќе нема да биде на монетите на еврото на државата Ватикан.

Ликот ќе го замени неговиот грб и 12 ѕвездички на Европската унија пишуваат италијанските медиуми.

Новиот изглед на предната страна на 8 монети во вредност од еден цент до две евра, е објавен во службената листа на Европската унија на 24 јануари и повеќе го нема ликот на Папата од Аргентина. Задната страна е иста како на сите монети во еврозоната.

Папата Франциск кој често го нарекуваат „Папата на сиромашните“ редовно ја критикува негативната моќ на парите. Ватиканското евро кое е во оптек во сите земји на еврозоната, поради својата реткост воглавно е повлечено од оптек и се препродава на пазарот на колекционери.

Со договорите кои се на сила помеѓу ЕУ и Италија-која изработува монети за Ватикан, е утврдена годишна квота пари за Ватикан.

Слично

Поврзани вести