Лидл во Хрватска им ги зголемува платите на своите вработени за пет отсто
Малопродажниот синџир Лидл во Хрватска им ги зголемува платите на сите свои 3.000 вработени во просек за пет отсто.
„Ова е петта година по ред како им се зголемуваат платите на вработените во продавницата и магацините, на кои им се исплаќа и 13-та плата. Заедно со нив годинава се зголемуваат и платите на вработените во канцелариите на подружниците и централите“, известиле од трговскиот центар во Хрватска.
„Овие зголемувања се продолжување на континуираното инвестирање во вработените во Лидл. Од самиот почеток, а особено во последните пет години, Лидл систематски ги зголемува платите и другите бенефиции на своите вработени на годишно ниво во прехранбената индустрија, Лидл континуирано инвестира во образование, стручно усовршување и програми за стипендирање, а овозможува и ротација на работни места и меѓународни размени“, пишува Лидл.
Лидл има 105 продавници во Хрватска и вработува 3.200 луѓе
Извор: Индекс.хр
