Лидл не е единствениот избор: Еве каде Македонците купуваат најевтино во Грција
Илјадници Македонци и ова лето ќе ги наполнат плажите во Грција, која традиционално останува една од најомилените дестинации за одмор. Освен сонцето, морето и убавите таверни, за многумина важно прашање е и каде најисплатливо да се купуваат намирници, пијалоци и други потребни производи за време на престојот.
Доколку сакате да заштедите и да го извлечете максимумот од својот буџет, добро е однапред да знаете кои супермаркети во Грција нудат најдобри цени, најголем избор и најчести попусти.
Добрата вест е дека во скоро секое одморалиште постојат неколку големи маркети со одлични цени, пренесува Женски магазин.
Најпознати ланци супермаркети кои ќе ги сретнете во Грција се:
*Lidl
*Masoutis
*Sklavenitis
*AB Vassilopoulos
Lidl и понатаму е најповолниот за повеќето основни намирници, пијалоци, грицки и хигиенски средства.
Sklavenitis важи за еден од најдобрите маркети кога односот на цените и квалитетот се во прашање.
Masoutis е многу популарен на Халкидики и во Северна Грција, со голем избор на домашни производи.
My Market е познат по честите акции и попусти
AB Vassilopulos нуди најголем избор на производи, но цените се повисоки.
Многу локалци основни намирници најчесто купуваат во Lidl, а свежи производи како месо и деликатеси во други маркети и локални пазари.
Фото: Freepik.com
Извор: Grcka info
