ЛИДЛ ЈА ОТВАРА ПРВАТА ПРОДАВНИЦА БЕЗ ХРАНА: Еве што ќе продава
„Лидл“ е познат како синџир на продавници за попусти кој, покрај храна, со години вклучува и разни непрехранбени производи во својата понуда - од облека и алати до играчки и предмети за домаќинството.
Според германскиот весник Lebensmittel Zeitung, Лидл сега планира да отвори посебна продавница во Германија само за тие производи - без асортиманот на храна - со што влегува во директна конкуренција со дисконтери како што се Action, кои, заедно со Teddy и Woolworth, бележат силен раст на пазарниот удел во тој сегмент, објавува Fenix Magazin.
Прва продавница Home & Living на швајцарската граница
Новата продавница ќе има доволно простор за сите шест брендови на Лидл: Parkside (алатки), Crivit (спорт), Esmara (мода), Silvercrest (електроника), Livarno (опрема за домот и градината) и Lupila (детски производи). Концептот ќе се вика Lidl Home & Living, а првата локација ќе биде во Лотштетен, во близина на швајцарската граница. Спроти новата продавница веќе се наоѓа класичен супермаркет на Лидл. Можно отворање на повеќе слични продавници
Доколку новиот концепт биде добро прифатен од клиентите, Лидл планира да отвори повеќе вакви продавници за дом и живеење низ цела Германија. Извори блиски до компанијата велат дека целта е да се зајакне позицијата на Лидл во таканаречениот непрехранбен сегмент на долг рок.
Во една од претходните тест продавници во близина на седиштето на компанијата во Некарзулм (Баден-Виртемберг), Лидл го тестираше концептот на таканаречените „светови на потреби“, каде што производите беа распоредени по тема - како што се „направи сам“, градина, спорт и начин на живот, мода, детски свет и кујна и домаќинство. Асортиманот беше визуелно обележан со бои и прикажан на тематски полици.
Б92