Лидл Хрватска им ги покачи платите на вработените
За четири одсто компанијата „Лидл“ во Хрватска ќе им ги пoкачи платите на своите вработени кои се ангажирани во маркетите и складиштата.
Покачувањето на платите се однесува на повеќе од 1200 вработени во вкупно 83 маркети на „Лидл“ во цела Хрватска, и на повеќе од 250 вработени во логистичкиот центар, пренесува Пословни дневник.
-Во време на неповолни економски услови и раст на невработеноста, овој потег на „Лидл“ претставува допринос за одржување на стандардот на вработените што денес можат да си го дозволат само успешните копмпании, пишува во соопштение компанијата.
„Лидл“ Хрватска од почетни 13 продавници отворени во 2006-та, денес има 83 од кои 11 се наоѓаат во Загреб.
Слично
