Лидингтон: Само политичките лидери и електоратот може да ја решат политичката криза во Македонија
„Меѓународната заедница не може да ја реши политичката криза за Македонија. Тоа може да го направат само политичките лидери во Македонија и македонскиот електорат. Пораката од главните градови од ЕУ, како што посочи, е многу јасна, а тоа е политичкото влијание во правосудните институции се работи кои не се компатибилни со членството во ЕУ“, смета британскиот државен министер за Европа кој е во работна посета на Република Македонија.
Тој денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Во текот на вчерашниот ден Лидингтон се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерите на политичките партии ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, на кои во фокусот на разговорите беа прашањата за политичката криза во земјава и престојните избори закажани за 5.јуни, како и евроатлантските интеграции на Република Македонија.
На форумот на кој синоќа учествуваше, британскиот минситер Лидингтон упати порака дека Македонија треба да се фокусира на она што треба да се направи за да може да го надомести загубеното време во однос на патот за членство во ЕУ.
