Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерот на опозицијата се сретна со амбасадорот на САД Бејли

Лидерот на опозицијата се сретна со амбасадорот на САД Бејли
Опозицискиот лидер денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Л.Бејли. Заев му се заблагодарил на амбасадорот Бејли за сета поддршка што ја даваат Соединетите Американски Држави во сите процеси на демократизација на Република Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот на СДСМ. -За жал, тие процеси се веќе подолг период сериозно нарушени и СДСМ како најголема опозициска партија има одговорност да ги врати уништените демократски вредности, поради коишто луѓето ја напуштаат земјата, а Македонија назадува во евро – атлантските перспективи, изјавил Заев. На средбата се разговарало за загрижувачката ситуација во државата со кршењето на основните човекови права, за предизвиците за функционалност на државниот систем во услови на поклопеност од страна на власта и нарушениот демократски амбиент во земјата. Раководството на СДСМ соопшти дека прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите како Груевски и неколку луѓе околу него со своите незаконски и криминални активности го погазиле уставниот поредок, со единствена цел да воспостават контрола врз се во државата и на тој начин да го обезбедат своето владеење. -Тоа се сериозни докази што СДСМ има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста со крајна цел нормализација на Македонија, истакнал Заев на првата средба со новиот амбасадор на САД во Република Македонија Џес Л.Бејли.
Слично

Поврзани вести