Лидерот на ДУИ ја поздрави посетата на Бајден на Косово
Првиот човек на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја поздрави историската посета на Косово од страна на големиот пријател на албанската нација и целиот регион, американскиот потпретседател Џо Бајден, се вели во соопштението од ДУИ.
„Улогата на САД за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот е незаменлива и многу ценета, а придонесот на Бајден во сите овие напори е невообичаен“, стои во соопштението на ДУИ.
„Ние сме благодарни за придонесот на САД и посветени сме без ниту една резерва кон остварувањето на нашата заедничка цел, демократско општество и целосна интеграција на регионот во НАТО и Европската унија“, порачуваат од ДУИ.
Слично
