Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРОТ НА АФД СО ПРЕДЛОГ: Русија да прифати гасот да се плаќа во евра, за возврат Германија да го отвори Северен тек 2

ЛИДЕРОТ НА АФД СО ПРЕДЛОГ: Русија да прифати гасот да се плаќа во евра, за возврат Германија да го отвори Северен тек 2

Германија би можела да се согласи за отворање на гасоводот Северен тек 2 во замена Русија да се согласи да го продава гасот во евра, вели во интервју за спирник, Тино Крупала, копретседател на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Нашата партија смета дека Сојузна Република Германија во секој случај треба да се придржува до отворањето на Северен тек 2. Нашата партија смета дека Германија во секој случај би требала да се залага за пуштање во функција на „Северен тек 2“. Затоа прашањето за валутата го сфаќам како независно од проектот. Ако аргументот за тргување во евра помогне да се убеди германската влада да се пушти гасоводот во експлоатација, тогаш тоа би можело да биде добра идеја“, вели Крупала.

Тој додаде оти е очигледно дека германскиот увозник на гас, компанијата „Унипер“ ќе мора да ја плати наредната сметка за руски гас во рубљи.

И САД и Украина остро се спротивставија на проектот. Москва ги повика западните земји да престанат да го политизираат отворањето на Северен тек 2, тврдејќи дека тоа е комерцијален проект корисен и за Русија и за Европската унија.


Слично

Поврзани вести