Лидерите во Брисел ја одобрија Енергетската унија
Европските лидери го поддржаа формирањето на заедничка Енергетска унија на самитот во Брисел, пренесоа светските агенции.
Тие договориле дека до крајот на годината треба да има конкретни први резултати. Постигнат беше договор да се забрза изградбата на интерконектори.
Лидерите стигнаа до договор и за предлогот на Европската комисија и членките на ЕУ да им „обезбедат договори за испорака на гас од трети земји“. „Лидерите одлучија дека сите гасни договори меѓу владите или фирми треба да ги исполнуваат европските закони да бидат транспарентни и да не ја слабеат енергетската безбедност“, коментира претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Лидерите поддржале и мерки за зголемување на транспарентноста на гасниот пазар на ЕУ.
Европските санкции против финансискиот, енергетскиот и одбранбениот сектор во Русија ќе останат во сила до целосна имплементација на договореното од Минск, одлучија водачите на 28-те земји, пренесе Ројтерс.
Тие не зедоа формално решение за продолжување на санкциите, кои истекуваат во јули. Обврзаните договори со Минск во пракса ги продолжува санкциите до крајот на годината, бидејќи договорот постави серија од рокови, кои истекуваат на крајот на 2015 година, објасни Туск.
Во исто време претставници на ЕУ, Украина и Русија требаше да одржат во Брисел вчера трилатерален состанок за дискутирање на условите на испораките на руски гас за Украина по истекот на 31 март на „зимскиот пакет“ договори.
