Лидерите се повлекоа, Иванов пресече: откажан е Самитот во Охрид
Откажан е Самитот на шефови на држави и влади од Југоисточна Европа кој требаше да биде одржан овој викенд во Охрид. Претседателот Ѓорге Иванов донел ваква одлука откако претходно голем дел од учесниците најавија дека нема да присуствуваат. Истовремено е откажан и Форумот на Дијалогот меѓу цвилизациите што во рамки на Самитот требаше да се одржи во земјава.
Иванов притоа изјави дека државниот интерес и достоинството на Македонија го обврзале да ја донесе одлуката и оти Република Македонија постапи целосно во согласност со основачките документи и правила, и како одговорен претседавач со ПСЈИЕ.
„За жал старите балкански предрасуди и комплекси повторно заживеаја во пресрет на Самитот. Нема да дозволам преку грбот на Македонија да се прекршуваат старите балкански предрасуди и да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија“, рече претседателот Ѓорге Иванов.
„Оваа одлука ја донесов и за да не се манипулираат граѓаните на Република Македонија, како и граѓаните на сите држави од регионот. Конечно дојде денот кога некој треба отворено да признае дека регионалната соработка е исправена пред сериозен, крупен предизвик“, додаде тој и му посака повеќе успех на идниот претседавач до година.
Ваквата одлуката доаѓа по низата одбивања за учество на Самитот од страна на балканските челници. Албанскиот претседател, Бујар Нишани го откажа доаѓањето како реакција на тоа што покана немало покана до претседателот на Косово, Атифете Јахјага. Самитот доживеа дабакл синоќа по изјавата на потпретседателот на Србија, Александар Вучиќ дека тие не го условиле учеството на Самитот со неприсуство на Јахјага и изјави дека тоа е одлука на македонскиот претседател Иванов. Во меѓувреме учеството го откажаа грчкиот претседател Каролос Папуљас и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Слично
