Лидерите под силен притисок на Хан, средбата сè уште трае!
Со мислата дека денес мора да се најде решение за политичката криза и да се стави крај на тешката задача, еврокомесарот Хан дојде во Скопје.
Дали во Пржино ќе успее да ги разлади политичките лидери засега е неизвесно.
После месец и пол откако лидерите постигнаа договор од 2 јули, Хан дојде да ја заврши работата што ја остави на пола пат.
Средбите на комесарот со политичките лидери почнаа утрово, кога имаше поединечни состаноци со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.
После средбите со албанските лидери кои се одржуваа во ЕУ инфо центарот, Хан и Орав на пладне заминаа во Пржино каде им се прдружија тројката европратеници Ховит-Кукан-Вајгл, а нешто по 13 часот, пристигна и амбасадорот на САД, Џес Бејли.
Прв со нив во Пржино се сретна опозицискиот лидер Зоран Заев околу 13 и 15 часот, додека околу 14 часот на средби стигна и премиерот и претставниците на владеачката партија.
Придружници на Заев беа Радмила Шекеринска и Рената Десковска додека премиерот го придружуваа министерите Никола Тодоров и Никола Поповски.
Прес конференцијата на која требаше да се обрати еврокомесарот Хан во 18.30 ч е презакажана за во 20 часот без гаранција дека и тогаш ќе се одржи.
Дали ќе се најде конкретно решение засега е неизвесно.
Слично
