Лидерите побараа, ЕУ и САД ќе почекаат до утре за да ја соопштат оценката за изборите!
Оценката за тоа дали се исполнети условите за избори во април денеска е одложена по втор пат, овој пат по барање на политичките лидери.
Како што соопштуваат од американската амбасада меѓународниот фактор утре ќе го соопшти извештајот на ЕУ и САД.
Она што требаше да го соопштат Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли е дали се исполнети трите клучни услови околу одржувањето на изборите, а тоа се состојбата во медиумите, прочистувањето на избирачкиот список и одвоеноста на партијата од државата.
Засега исходот од проценката е неизвесен, а имајќи го предвид фактот дека работните групи уште се без договор за регулацијата на медиумите како дел од договорот од Пржино не се очекува позитивна оценка.
Ванхауте вчера соопшти дека нема договор но имало мал напредок и оти засега нема нов термин за преговори.
Останува да чекаме до утре за одржувањето на априлските предвремени избори.
