Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРИТЕ НА СРЕДБА-Ќе ја решаваат судбината на изборите!

ЛИДЕРИТЕ НА СРЕДБА-Ќе ја решаваат судбината на изборите!

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска ќе се седнат на заедничка преговарачка маса за да утврдат што досега исполниле од договореното за одржување на изборите.

Засега изборите се неизвесни. Партиите застанаа кај ад хок телото кое ќе треба да ги регулира медиумите пред избори, а се уште не е изберен ниту новиот главен уредник на информативната програма на Македонската телевизија.

Очекувано, партиите го чекаа последниот ден од рокот предвиден со договорот потпишан на 20 јули и на денешното среќавање ќе констатираат дали се исполнети условите за предвремени парламентарни избори.

Што исполнија досега:

Процесот на прочистување на Избирачкиот список е завршен. Исходот од тоа прочистување се помалку од девет илјади спорни гласачи пријавени во ДИК, наспротив 30 илјади кои не го направија истото.

Договор има и за преодната влада, во која

станува истата распределба на функциите меѓу власта и опозицијата како и во Владата што функционираше кон крајот на минатата и на почетокот на оваа година.

Вчера беше откриен и  предлогот на опозицијата за уредничкото место во информативната програма на МРТВ.

Како што веќе објавивме, нефицијално на уредничкот столче во МРТ ќе седне Санта Аргирова.

Санта Аргирова  е предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за нов главен  уредник на МТВ кој ќе треба да стапи на функцијата од први септември, дознава  Фактор. Нашите извори ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата  за номинацијата на долгогодишната новинарка а во последниве неколку години и писателка Санта Аргирова.

„Да  сочекаме прво  да се одржи лидерската средба. Не би сакале да прејудицираме со името на  главниот  уредник. Се’ уште ништо не е конечно “, велат извори за Фактор.

Партиите оптимисти, избори во декември

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува одржување на избори во декември. Според него,  неизвесниот избор на петтиот член во ад хок телото за следење на медиумите нема да  го парализира договорот за предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Заев изјави дека ад хок телото за медиуми и прочистувањето на избирачкиот список се минимум услови за одржување фер избори. Додава дека за СДСМ најприфатлив модел за реформа на медиумскиот сектор бил законот кој го предложила меѓународната заедница преку посредникот Питер Ван Хауте. „Аман од политичките партии, преку глава им е на граѓаните. Има мериторни критериуми, има вредности кои и овие четири луѓе предложени како експерти може да седнат, малку да ја дрмнат главата и полека да ги стабилизираат мислите, да се насочат и да го изберат петтиот член. Како еден од претседателите на поголемите партии апелирам до четирите члена уште на почетокот на идната седмица да го изберат петтиот член, ако не заради нешто други, заради Македонија“ – вели Заев. Ниту според ВМРО-ДПМНЕ нема пречки изборите да се одржат на 11 декември. Коментирајќи ги изјавите на Заев, тие велат дека биле подготвени за избори и на 24 април и на 5 јуни, двата датума што пропаднаа бидејќи опозицијата, а и меѓународната заедница, не сметаа дека се исполнети минималните услови за фер и демократски услови. Уште еден обид за избор на петти член на ад хо телото Петтиот, а воедно и последен член на ад хок телото за медиуми треба да биде Албанец и изборот запна меѓу Сефер Тахири и Даут Даути кој денеска се повлече од трката. Ова тело ќе ги следи медиумите 100 дена пред избори и ќе санкционира доколку има прекршувања.  
Слично

Поврзани вести