Лидерите на Г20 повторно им се заканија на даночните рајеви
Речиси секој Самит на Г20 земјите поминува во знакот на декларативни заложби за посилна регулација на институциите кои овозможуваат огромни даночни олеснувања, формирање оф-шор компании, а со тоа и перење на пари, но одлучни чекори против финансискиот криминал се уште нема.
Индискиот премиер Нарендра Моди побара од лидерите на Г20 да се заложат за гонење на финансиските престапници кои ги користат даночните рајеви и да се засили борбата со перењето пари бидејќи со тие средства може да се развие светската економија и да се воспостави полојална конкуренција.
Заложбите за креирање црна листа на земји и институции кои овозможуваат финансиски криминал треба да влезат и во завршната декларација на Г20 самитот и заклучоците за развој на светската економија.

Слично