Лидерите на Балканот се собираат во Сараево: Заев ќе присуствува а Тачи се инаети
Главниот град на Босна и Херцеговина денес, во рамки на Годишниот состанок на Одборот на гувернерите на Европската банка за обнова и развој -ЕБРД- ќе ги угости и лидерите на земјите од Западен Балкна.
Со оглед на тоа дека токму регионалната соработка е клучна за економски напредок и стабилност на регионот, мото на собирот на ЕБРД е „со поврзување на економиите до посилен раст“.
За клучни теми за регионот ќе расправаат претседателите на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, премиерите на Албанија Еди Рама, Северна Македонија Зоран Заев и Србија Ана Брнабиќ, додека од БиХ ќе биде присутен министерот Денис Звиздиќ.
Претседателот на Косово Хашим Тачи го откажал доаѓањето во Сараево, правдајќи го недоаѓањето со наводно „билатералните односи меѓу Косово и БиХ се на најниско можно ниво“.
-БиХ уште не го признаваат Косово и на несреќа на граѓаните на двете земји, уште на сила е визен режин за граѓаните на Косово, порачал Тачин, додавајќи дека БиХ се „однесува антиевропски и погрубо од самата Србија“.
