Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕР ВО ЕУ: Мала земја со богати граѓани

ЛИДЕР ВО ЕУ: Мала земја со богати граѓани

Граѓаните на Луксембург се најбогати во Европската Унија(ЕУ). 

Еуростат објави дека жителите на Луксембург и натаму се најбогати со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други држави-членки на ЕУ. Бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малата држава.  Ирска е втора и таа со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ. Трета на листата е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни во европското семејство се граѓаните на Бугарија и Словачка. И претходните години, Бугарија беше меѓу најсиромашните во ЕУ. 

foto freepik.com/rosshelenphoto

Слично

Поврзани вести