Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛИЦИТИРАА СО БРОЈКИ, НО НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛЕЦОТ“: Трендафилов вели дека на Економско-социјалниот совет само ССМ барале повисока минимална плата

„ЛИЦИТИРАА СО БРОЈКИ, НО НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛЕЦОТ“: Трендафилов вели дека на Економско-социјалниот совет само ССМ барале повисока минимална плата

Веројатно некој сакаше да си честитаме Нова година денеска. Тоа што сакам да го кажам е дека на барање на ССМ, на дневен ред беше потребата од растот на минималната плата и нашата анализа, како и две други точки, особено за колективното договарање во јавниот сектор. Тоа што го слушнавме е лицитирање со зголемувањето на минималната плата, 600, 700, 800, дури 1.000 евра. И владата и работодавачите нека седнат и нека се договорат за кој износ се подготвени да ја зголемат минималната плата и нека не повикаат нас синдикатите нека ни кажат што ќе се случи, но тоа да се случи што побрзо за да не си честитаме Нова година на различен начин, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов по седницата на Економско-социјалниот совет. 

„За жал, сите од другите синдикати беа неми по однос на зголемување на минималната плата, дури даваа поддршка на Владата и ја бранеа Владата од дискусијата на претставниците на ССМ и ги повикувам работниците да ни дадат што е можно поголема поддршка во следниот период, за следните чекори кои ќе ги направиме, затоа што очигледно е, ако не се слушне јазикот на аргументите, ќе се слушне јазикот на работниците на друго место. Денеска настапивме аргументирано, ги дадовме сите аргументи, но тие за нив не беа доволни. Анкетата која ја спроведе ССМ исто така не беше репрезентативен примерок. Тоа што се отвораат повеќе компании отколку што се затвораат со растот на минималната плата не беше доволно, тоа што се зголемува бројот на вработени исто така не е доволно, тоа што Македонија има најниска минимална и просечна плата не беше доволно“, рече Трендафилов. 

Вели дека нема расположение за зголемување на минималната плата од први јануари. 

„Од први јануари 500 евра минимална плата во Албанија, од јуни 500 евра во Косово, 550 евра во Србија, да не зборуваме за Босна и Херцеговина, таму минималната плата ќе биде колку просечната во Македонија, исто така и тоа не се доволни аргументи за нашите социјални партнери. Денеска бевме двајца претставници од ССМ наспроти дванаесет колку што бори Економско-социјалниот совет, додека колегите од другиот синдикат беа дека моментално треба да се почитуваат законите и како знаат работниците нека се снаоѓаат и нека преживуваат во наредниот период. Загрижени сме од ваквата состојба, загрижени се и работниците, Нова година ќе ја дочекаат како најсиромашни на Балканот и најсиромашни во Европа“, додаде Трендафилов. 

Слично

Поврзани вести