Лични борби за превласт во ССМ откако го детронизираа Митревски
Синдикалните челници кои успеаја да го детронизираат Живко Митревски сега борбата ја продолжуваат меѓусебе со несогласувања за тоа кој може да ја предводи најголемата синдикална организација.
Последниот раздор во ССМ доаѓа во време кога треба да се одбере новиот синдикален лидер. Засега в.д претседателот Дарко Димовски е единствениот кандидат за претседател на ССМ, бидејќи Пецо Грујевски од УПОЗ не ги исполни условите. Правилата велат дека кандидатот треба првенствено да ја добие поддршката од гранковиот синдикат од каде што доаѓа, а потоа да биде подржан од уште една третина од синдикалните здруженија при ССМ или дополнителни 6 синдикати да му ја дадат поддршката.
Според информациите Грујевски добил поддршка и од синдикатот каде лидер е Митрески, па останатите синдикалци сметаат дека Пецо Грујовски се испазарил со екс синдикалниот лидер Митревски. Грујовски ги отфрла овие обвинувања и вели дека токму тој најжестоко се борел за промена на Митрески и за вистински синдикални движења, пренесува ТВ21.
Овој турбулентен период околу синдикалната фотелја трае подолг период. Прво екс лидерот Митрески ги исклучи и ги исфрли четирите синдикатите од синдикалната зграда кои не се согласуваа со неговото работење.
Потоа следуваше период на обострано поднесување на кривични пријави, за на крај Врховниот и Управниот суд да донесат одлука дека Митревски повеќе не е на чело на ССМ. Сите нејасности треба да завршат на 11 наредниот месец кога на конгрес во Охрид ќе биде избран новиот претседател на ССМ.
