Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лиценца за туристички водич ќе чини 15.000 денари

Лиценца за туристички водич ќе чини 15.000 денари
Наставната програма за стручниот испит за звањето „туристички водич“ и Програмата за полагање на стручниот испит е ревидирана и значително унапредена, објави министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Министерството за образование и наука заедно со двата државни факултети - Факултетот за туризам и угоститество во Охрид и Факултетот за туризам и бизнис логистика во Штип, Стопанската комора за туризам на Македонија и Здружението на туристичките водичи, внеле значителни измени усогласувајќи ја програмата со европската рамка за туристички водичи. „Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот на нашата и воопшто за секоја земја. Од квалитетот на нивната презентација, зависи дали странските посетители ќе си заминат дома со пријатни впечатоци и реална претстава за земјата која ја посетиле. Оттаму професијата туристички водич се наметнува како професија од посебен интерес за државата“, вели Ристовски. Тој тврди дека измените ќе им овозможат на  македонските туристички водичи во иднина да можат активно да работат во земјите од Европската Унија, што досега не беше случај. Досега за лиценца за туристички водич се полагаше само теорија, а не и практичен дел. Отсега, пак, кандидатите ќе полагаат и практично преку симулација на водење на група туристи. Новина е и унифицираната цена која треба да ја плати кандидатот за туристички водич. Досега ова беше одлука на самиот факултет, а сега се воведува единствена цена во износ од 15.000 денари.
Слично

Поврзани вести