Економија, финансии, бизнис

Контакт

Либија: Киднапирани инженери од Македонија, Италија и БиХ

Либија: Киднапирани инженери од Македонија, Италија и БиХ

Тројца инженери од Македонија, БиХ и Италија, кои работат за италијанска градежна компанија, најверојатно се киднапирани, соопштил либиско официјално лице.

Автомобилот на тројцата инженери е пронајден во градот Зувара, западно од Триполи, јавува Ројтерс.

„Тие се изгубија и веруваме дека се киднапирани“, изјавил изворот, кој не изнел детали за овој случај.

Во Либија во пораст е киднапирањето на дипломати, странци, но Либијци, бидејќи властите не се во состојба да ги контролираат милициите кои помогнале во соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година, наведува британска агенција.

Слично

Поврзани вести