Економија, финансии, бизнис

Контакт

Либерти ја заврши 2025 со загуба и со побарување од 3,3 милиони евра поврат на ДДВ од државата

Либерти ја заврши 2025 со загуба и со побарување од 3,3 милиони евра поврат на ДДВ од државата

Челичарницата Либерти, која произведува ладно валан, поцинкуван и пластифициран челик во Скопје, ја заврши годината со помали приходи и загуба за 2025. Прихажаните приходи на акционерското друштво се 67 милиони евра, а загубата иако е помала за минатата година, таа изнесува 4,6 милиони евра.

Она што како интересен податок е наведен во ревизорскиот извештај доставен до Македонска берза е тоа дека минатата година е завршена со големо побарување за поврат на Данок на додадена вредност од државата.

Повратот на данок на додадена вредност е најголемото побарување што го има „Либерти“ и изнесува 200 милиони денари, односно околу 3,3 милиони евра. За споредба, побарувањето на данокот на додадена вредност една година претходно од државата како должник било милион евра.

Liberty Skopje е дел од Liberty Steel Group, што ја прави дел од глобална интегрирана челична мрежа, со активност во металургија и рударство. Компанијата има околу 400–500 вработени во Скопје. Друштвото има значајни приходи, но во неколкуте последни години е со оперативни загуби според финансиските извештаи. Во тековниот ревизорски извештај наведено е дека загубата ќе биде покриена со финансиска поддршка од матичната компанија во период од 12 месеци.

„Резултатот во 2025-та година иако е загуба сепак е многу помала од минатата 2024 a значително помал од 2023, за нас е сепак огромен успех на кој се гордее целиот тим и вработени. Ова е резултат на нашата упорност да се избориме со сите предизвици кои ги носеше годината. Цените на репроматеријалот и енергенсите се стабилизираа, па од оваа година излеговме горди и задоволни бидејќи и по сите тешки моменти и предизвици успеавме да се одржиме на пазарот, да работиме без ниеден ден застој и да ги задржиме вработените на работа низ целата година и иако завршивме со загуба сепак е помала од минатата година. 

Проекциите за 2026 секако се движат во позитивна насока, тешко е ваквите индустрии брзо да се вратат во позитивни резултати, но задоволни сме што сепак успеваме полека да се враќаме кон нормалата без притоа да ги загрозиме процесите или да затвараме линии“, гласи коментарот даден од компанијата во делот на идните планови.

А.К.

Слично

Поврзани вести