Економија, финансии, бизнис

Контакт

Либерализацијата ќе ја поскапе струјата за фирмите?!

Либерализацијата ќе ја поскапе струјата за фирмите?!
Ако се земе предвид фактот дека од 1 април годинава околу 140 македонски  компании ќе почнат да купуваат струја самостојно, на слободниот пазар, како што тоа до сега го правеа големите индустриски капацитети, лиценцираните трговци со струја во земјава ќе имаат жешка пролет. Најмалку 10 државни претпријатија и уште неколку приватни компании од декември минатата година ја почнаа постапката за набавка на електрична енергија за цела 2014 година. Согласно втората фаза на либерализација на пазаот со електрична енергија, од 1 април годинава  околу 140 фирми во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра сами ќе купуваат струја по пазарни цени. Досегашните регулирани цени за компаниите значеа и помал трошок за набавка на овој енергенс. Излегувањето на слободниот пазар на електрична енергија, според многумина ќе значи и поскапа струја за компаниите, диктирана од пазарот и условите кои ги нудат трговците со електрична енергија. Трговците со струја тријат раце! Околу 2 милиони евра за набавка на струја за следните 365 дена планира да потроши ЈП Водовод и канализација од Скопје. Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници од Скопје пак, за истата намена планира да потроши околу 815.000 евра, додека Јавното претпријатие Комуналец од Струмица, ЈП Водовод од Куманово и од Битола за набавка на струја следната година планираат да дадат помеѓу 195.000 – 245.000 евра. Ова го покажуваат јавните огласи на претпријатијата во изминатите два месеца за набавка на струја и склучување на годишни договори со трговците пред почетокот на втората фаза на либерализација на пазарот со електрична енергија во земјава. Колкава количина на струја набавуваат овие јавни претпријатија може да се види само во тендерската документација на тендерите. Ако се земе предвид фактот дека од 1 април годинава околу 140 македонски  компании ќе почнат да купуваат струја самостојно, на слободниот пазар, како што тоа до сега го правеа големите индустриски капацитети, лиценцираните трговци со струја во земјава ќе имаат жешка пролет. Тие подготвуваат понуди за компаниите, бараат сигурни производители на струја како и капацитети преку кои ќе им обезбедат на компаниите сигурна и стабилна испорака на струјата. По која цена некои од компаниите во моментов ја купиле струјата за сега нее познато. Дел од нив неофицијално за фактор велат дека иако периодов цената на струјата на Европските берзи е околу 50 евроценти за мегават/час, тие склучиле годишен договор за набавка на струја по цена од околу 80 евроценти за мегават/час. Ова укажува и на можноста за значително поскапа струја во иднина, одошто тоа ги чинело до сега. Според најновите податоци од регулаторната комисија за енергетика само три компании во земјава се лиценцирани снабдувачи со електрична енергија, Евн Македонија електроснабдување, Ген – И продажба на енергија и Енерџи Деливери Солушнс ЕДС. „Имаме знаење и ресурси и ќе нудиме фер цена на енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа ќе бидат и понатаму регулирани од Регулаторната комисија за енергетика“, вели Нико Берберу, менаџер на Евн Македонија. Либерализацијата ќе ги зголеми трошоците на компаниите за најмалку 15%?! Според експертите, излегувањето на компаниите на слободен пазар ќе значи и крај на практиката цената на струјата да биде социјална категорија. Дел од компаниите кои доминантно работат на струја стравуваат дека тоа ќе ја загрози одржливоста на бизнисот. Додаваат дека во време на намалена ликвидност, слаба конкурентност, намалени нарачки од странство, зголемувањето на цената на струјата драстично ќе им го поскапи работењето. Велат дека ако купуваат струја на слободниот пазар, ќе им се зголемат трошоците за најмалку 15%. Тоа автоматски го загрозува проектираниот економски раст за годинава. Дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија и за малите фирми ќе биде сериозен удар неодамна потврди и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. “Можно е определени измени во делот на либерализација на пазарот на електрична енергија да доведат до зголемување на цената на струјата, пред сè за претпријатијата. Либерализацијата на регионалниот енергетски пазар, обврска што Македонија ја презеде со стапувањето во енергетската заедница, во определени сегменти ќе донесе придобивки, како што е привлекувањето повеќе странски инвестиции во оваа област. Но, тоа значи и дерегулација на цената, односно наредните години може да се очекува притисок за зголемување на цената на струјата“, неодамна изјави Пешевски. К.П  
Слично

Поврзани вести