Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Компаниите купуваат струја на слободен пазар

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Компаниите купуваат струја на слободен пазар
Од денеска и официјално започна втората фаза од либерализацијата на снабдувањето со електрична енергија. Вкупно 222 компании со повеќе од 50 вработени и годишен приход поголем од 10 милиони евра заочнаа да набавуваат струја на слободниот пазар, сами избирајќи компанија што ќе ги снабдува. Од Регулаторната комисија за енергетика досега 6 компании добија лиценца да вршат снабдување со електрична енергија. Најголем дел од договорите се склучени со две од нив - „ЕВН - Снабдување“ ќе снабдува 115 поголеми компании, додека „ЕДС“ (Energy Delivery Solutions) склучила договори со 70 фирми-потрошувачи на поголемо количество енергија. Освен ова, регулаторот издал и 51 лиценца за трговија со електрична енергија. Според проценките на добавувачите, либерализацијата за дел од нив ќе значи и до над 30 отсто поевтина струја.  
Слично

Поврзани вести