ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: „ЕВН снабдување“ влегува во конкуренција да им продава струја на компаниите
„ЕВН снабдување“ е новата компанија на „ЕВН Македонија“, која на либерализираниот пазар на електрична енергија од 1 април ќе им нуди струја на компаниите.
Компанијата поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика.
„Имаме знаење и ресурси и ќе нудиме фер цена на енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа ќе бидат и понатаму регулирани од Регулаторната комисија за енергетика“, вели Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Македонија“.
По повеќе одложувања, пазарот на електрична енергија во Македонија конечно ќе се либерализира. Фирмите за 10-тина дена треба да изберат која компанија ќе ги снабдува со струја од оние што обезбедија лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, а за одлуката треба да го известат МЕПСО.
Домаќинствата ќе почекаат до јануари следната година, за кога е предвидено целосно да се отвори пазарот. Во регионот, либерализацијата на пазарот на електрична енергија донесе поголема конкуренција и поевтини цени на електричната енергија.
Слично
