Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛГБТИ Центар за поддршка: Нападот во Орландо е хомофобичен

ЛГБТИ Центар за поддршка: Нападот во Орландо е хомофобичен

Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ЛГБТИ Центар за поддршка – Хелсиншки комитет на Република Македонија со осуда и згрозеност реагира на вчерашниот напад врз геј клубот ПУЛС во Орландо, Флорида.

Тие се загрижени за вчерашниот напад врз геј клубот Пулс, во кој се убиени 50, а сериозно ранети се уште 53 луѓе.

„Го изразуваме нашето сочувство кон сите пријатели, партнери и семејства на загинатите, кон сите нехетеросексуалци во Орландо и САД кои по среќа на случајот не се најдоа во ПУЛС вчера, но кои во овој напад го гледаат одразот на долгоодржуваната омраза и насилство врз сексуалните и родовите малцинства. Трагедијата што го шокираше светот вчера мора да биде именувана со вистинските зборови и разбрана во нејзината комплексност и историја. Станува збор за напад кој е одраз на историски и глобално креираната и одржувана хомофобија. Слика на долготрајните процеси на дехуманизација што го прават можен лудачкиот чин на ладнокрвно убивање на 50 луѓе, и пукање во уште толку други. Исход не само на радикалната страна на религиозното и фундаменталистичкото насилство, туку и на државното и системско насилство со кое се соочуваат нехетеросексуалците во Америка и речиси секаде во светот. Ова е првенствено хомофобичен напад„- реагираат од „Хелсиншки комитет“.

Велат дека овој хорор мора да го гледаме и низ призмата на геополитичката насилна реторика на „заб за заб“, на магичниот затворен круг на акција-реакција во кој единствениот исход се насилството, страдањето и смртта.

Слично

Поврзани вести