ЛЕЖИ НА ЗЛАТО И БАКАР: Мал грчки град ќе направи бум во рударството
Малиот град Килкис, кој се наоѓа во северна Грција, до неодамна беше познат како алтернатива на скапите туристички дестинации како што се Санторини, Миконос, Крит или Атина. Градот сега е во центарот на вниманието на инвеститорите за благородни метали, затоа што се откриени лежишта на злато и бакар.
Според проценките на експертите, во земјиштето околу Килкис има најмалку 160 тони злато, па дури и 720.000 тони бакар, што одеднаш го става овој град во центарот на вниманието на рударските и инвестициските кругови.
Грчката филијала на „Велосити Минералс“ неодамна доби официјална тригодишна лиценца за истражување на наоѓалиштето. Дозволата опфаќа површина од 39 квадратни километри.Грчките власти проценуваат дека вкупните резерви на метал во оваа област би можеле да достигнат до 180 милиони тони суровина.
Слично
